Обраќање на министерот Маневски на Регионалната конференција - Промоција на владеењето на правото и човековата безбедност на Југиосточна Европа  
     
 

30.03.2009

 
 

Поздравувајќи ги присутните на  Конференцијата,  министерот за правда Михајло Маневски, истакна дека владеењето на правото и обезбедување поголема безбедност за нашите граѓани претставува национална, но едновремено и регионална и интернационална цел за сите нас, особено имајќи го предвид зголеменото извршување на организираните облици на сериозен криминал, трговијата со дроги и со  луѓе.

Во таа насока рече Маневски, Владата на Република Македонија презеде бројни активности и мерки насочени кон зајакнување на правната и институционалната рамка,  јакнење на капацитетот на институциите, зајакнување и едукација на постоечките и нови човечки капацитети, со цел постигнување на реални и мерливи резултати.

Направени се измени на голем број закони како и се донесени бројни нови закони во кривичната материја истакна Маневски. Во завршна фаза е подготвувањето и уредувањето на нов систем на кривичното законодавство со измените на Кривичниот Законик и новиот Закон за Кривична постапка.

Ратификувани се поголем број на меѓународни Конвенции на Обединети Нации и на Советот на Европа кои се однесуваат на кривичната материја, исто така подготвен е Закон за меѓународна правна помош рече Маневски. Воспоставени се нови и подобрени се капацитетите во постојните институции како и се спроведува нова и континуирана обука на судиите, јавните обвинители, полицијата и сите органи со цел поефикасно спроведување на легислативата и меѓународните норми. Основавме посебно јавно обвинителство за гонење на сторителите на дела на организиран криминал и корупција и посебен оддел во Кривичниот Суд за судење на сторителите на овие кривични дела.

Бележиме и позитивни резултати истакна Маневски, валоризирани и од страна на Транспаренси Интернешенал со рангирањето на државата од 105 на 72 место на индексот за корупција. Посебни резултати беа постигнати и во борба против трговијата со луѓе што е евидентирано од Стејт Департментот со тоа што Македонија премина во ТИР 1 групата на земји.

Министерот Маневски изрази уверување дека предложените проекти ќе придонесат кон подобрување на владеењето на правото и човечката безбедност како и  дека ќе бидат успешна  основа за понатамошни чекори.

На Конференцијата е усвоена заедничка Декларација според која земјите од регионот се обврзуваат да ја искординираат националната и регионалната одговорност и третманот на организираниот криминал, трговијата со луѓе и дрога  и криумчарењето на мигранти, перењето пари, како и финансирањето  на тероризмот, градејќи хуман  судски систем кој ќе биде  во координација со Обединетите нации и Конвенциите на Европската Унија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk