Средба Маневски - делегација на Р. Италија предводена од г. Антонио Лаудати- Шеф на Генералната дирекција за кривично право при МП на Р. Италија  
     
 

08.04.2009

 
 

Министерот за правда на Република Македонија  Михајло Маневски  денеска се сретна со делегација на министерството за правда на Република Италија предводена од  г. Антонио Лаудати - Шеф на  Генералната дирекција за кривично право при министерството за правда на Р. Италија, и г. Фабрицио Гандини – проектен лидер на Твининг проектот и г. Џанлуиџи Пратола - резидентен Твининг советник  како и со преставниците на Твининг проектот во Република Македонија.

 На состанокот министерот за правда Михајло Маневски го искажа своето задоволство од посетата на италијанската делегација, и  воедно  позитивно ја оцени досегашната соработка на претставниците на Твининг - проектот  со Јавното Обвинителство на Република Македонија во заедничкиот успешно   реализиран двегодишен проект.

Имено во рамките на Твининг проектот кој започна со  работа на 4.12.2006, и во рамки на кој беа одржани 13 семинари, беа ангажирани 130 италијански судии и јавно обвинители  врвни професионалци во својата област и 40  судии и јавни обвинители претставници на македонскиот  правосуден систем .

Оваа бројка  истакна министерот  Маневски,  говори за еден огромен и професионално спроведен проект во кој се поделија многу искуства, се исполнија многу очекувања, се изврши обука на  четириесетина македонски судии и јавни обвинители, и се остварија многу корисни  студиски посети.


Претставникот на министерството за правда на Република Италија г. Антонио Лаудати истакна дека Македонија како привилегиран проект партнер, ќе  добие специјален третман  за соработка со што би се отвориле  многу полиња за меѓусебна комуникација.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk