Македонија презема мерки за ефикасна заштита на жртвите  
     
 

13.10.2006

 
 

На 12 и 13 октомври, 2006 година делегација на Република Македонија предводена од министерот за правда, Михајло Маневски учествува на 27-та Конференција на Европските министри за правда на тема „Жртви – права, позиција и помош„ – во организација на Советот на Европа и Министерство за правда на Република Ерменија што се одржува во Ереван, Ерменија.

Министерот за правда Михајло Маневски им се обрати на присутните во рамките на пленарните сесии на Конференцијата, при што ги образложи активностите и мерките кои ги презема РМ во однос на востановување на ефикасен систем на заштита на жртвите на криминалот и предложи насоки за иден напредок во оваа област.

Во текот на дводневната Конференција, Министерот Маневски оствари и билатерални средби со министрите за правда и претставниците од Романија, Германија, Словенија, Малта, Швајцарија и земјите од регионот. Со Министерот за правда на Романија г-ѓа. Маковеј беше договорена посета на делегација на Република Македонија на Република Романија со цел да се согледаат искуствата пред се во областа на организацијата и функционирањето на јавното обвинителство за спечување и гонење на кривичните дела на корупцијата и организираниот криминал. Исто така, бесе потрвдена и определбата за континуирана соработка и продолжување на истата со земјите од регионот во областа на правосудството и борбата против организираниот криминал.


Комитетот на Министри за правда на Советот на Европа усвои Резолуција за жртвите на криминалот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk