Средба Маневски - претставници на Светска организација против тортура - ОМСТ  
     
 

23.04.2009

 
 

 Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со г. Орлен Вајнезер претставник на Светската организација против тортура ОМСТ, г-ѓа Јасна Вишник од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените и г.Зоран Гавриловски од Истражувачкиот центар за граѓанско општество.

На средбата се разговараше за препораките и нивното спроведување на Меѓународната конвенција против тортура, посебно за препораката која се однесува на  реформите кои упатуваат  кон  создавање ново и независно Јавно  обвинителство во Република Македонија.

Министерот Михајло Маневски информираше дека еден важен дел од стратегијата на Владата на Република Македонија за реформите во правосудството се однесува и на реформите во Јавното обвинителство, посебно околу  создавањето  на  независно обвинителство  каде Јавниот обвинител ќе ја има целосната контрола на истражување и покренување на Обвинителен акт, наместо досегашниот систем каде истражниот судија ја започнуваше истражната постапка а потоа доколку утврдеше повреда на правото  го проследуваше предметот до Јавниот обвинител.

 Министерот Маневски  истакна дека реформата  на казненото законодавство  има за цел создавање поефикасно судство кое на граѓаните на Република Македонија ќе им овозможи остварување на  нивните  законски загарантирани права и обврски.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk