Средба Маневски - Експертски тим од Техничката помош при Европската Комисија за социјална инфраструктура  
     
 

29.04.2009

 
 

Министерот Михајло Маневски денеска се сретна со експертскиот тим од Техничката помош обезбедена од Европската Комисија за социјална инфраструктура односно поддршка на проектот – Реконструкција на казнено поправни установи во Република Македонија предводена од г. Јари Лохи, експерт за владеење на правото и управување со затворски системи.

 

Целта на состанокот беше запознавање со реализираните задачи  во рамки на втората мисија на  експертскиот тим, односно запознавање  и  проценка на постоечката состојба на  капацитетите на Казнено поправните установи , проценка на потребите за интервенции, реконструкција и изградба со предложени решенија за секоја од петте приоритетни установи: КПД Идризово, КПД Штип, Затвор Струмица, Затвор Скопје и ВПД Тетово.

 

Г. Јари Лохи  ги информираше присутните за текот и реализацијата на проектот и рече дека идеите на министерството соодветствуваат на замислите на  проектот на  претставниците на Техничката помош обезбедена од Европската Комисија за  социјална инфраструктура.

 

Г.Јари Лохи истакна дека резултат на мисијата е  документот -извештај со соодветни препораки кои ќе бидат имплементирани во следната фаза на проектот, -подготовка на целокупната техничка документација.         


На крајот на средбата министерот Маневски  се заблагодари за ангажираноста  и изрази задоволство од постигнатиот напредок во реализација на овие  активности, кои се од исклучително значење за Република Македонија  а се однесуваат на зголемување на стандардите на затворскиот систем во Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk