Делегација предводена од министерот Маневски на Презентација на Извештај пред Совет за човекови права во Женева,Швајцарија  
     
 

11.05.2009

 
 

Делегација  од Република Македонија предводена од министерот за правда Михајло Маневски од 11-05 до 13-05-2009 година учествува на  Презентацијата на Извештајот на Република Македонија за Универзалниот периодичен извештај  на Советот за човекови права  на Обединетите Нации кој се одржува во Женева, Швајцарија.

Универзалниот периодичен извештај  претставува механизам за преглед на исполнување на обврските и преземањата во областа на човековите  права на секоја земја членка на ОН.

Извештајот што ќе биде презентиран  од македонската делегација содржи детални информации  за правните, административните, и други мерки со кои се обезбедуваат  човековите права.

Процедурата предвидува преку интерактивен дијалог  во траење од три часа  да се разгледуваат поднесените извештаи пред Советот за човекови права.

Во делегацијата  што ја предводи министерот за правда Михајло Маневски,  вклучени се претставници  Владата на Република Македонија, од Министерство за надворешни работи, Министерство за труд и социјална политика,  Министерство за образование,  и Министерство за внатрешни работи.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk