Маневски, Женева, Швајцарија : Презентација на Националниот извештај пред Советот за човекови права на Обединетите нации  
     
 

12.05.2009

 
 

"Министерот за правда Михајло Маневски денеска  пред Советот за човекови права  на Обединетите Нации  го  презентираше  Националниот извештај на Република Македонија за Универзалниот периодичен извештај  пред Советот за човекови права во Женева, Швајцарија.

Универзалниот периодичен извештај  претставува механизам за преглед на исполнување на обврските и преземањата во областа на човековите  права на секоја земја членка на ОН.

Министерот Маневски  во  своето обраќање рече дека Република Македонија високо го цени овој нов, иновативен механизам на Советот за човекови права и очекува универзалноста, транспарентноста и објективноста на пристапот да придонесат за натамошна промоција и почитување на стандардите и принципите на кои сите ние сме се обврзале. Во овој контекст истакна Маневски   препораките ќе послужат како дополнителен поттик и инструмент во формулирање на националната политика во наредниот период.

Република Македонија во извештајниот период продолжи Маневски презеде сеопфатни реформи во однос на унапредувањето и имплементацијата на правата во различни сфери. Со Уставот се утврдува и еднакава заштита на правата на сите граѓани пред судовите и Уставниот суд. Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално и социјално потекло, имот или општествена положба. Овие уставни одредби соодветно се инкорпорирани во низа закони.

Успешно ги реализиравме, истакна Маневски,  претседателските и локалните избори во март 2009 година во согласност со меѓународните стандарди притоа обезбедувајќи го слободното изразување на правото на глас на секој граѓанин.

Република Македонија ги има ратификувано или преземено по пат на сукцесија главните меѓународно правни инструменти за човекови права. Неодамна, се ратификувани и Факултативниот Протокол на Конценвијата против Тортура, Европската Конценција против Трговијата со луѓе, Конвенцијата на Советот за Европа за превенција на тероризмот. Оддржуваме  рече Маневски интензивен дијалог со телата за човекови права во рамките на ОН, како и на Советот на Европа. Ние високо ја цениме работата на специјалните мандати во рамките на Советот за човекови права. Владата на Република Македонија упати отворена покана за посета на мандатите на државата. Специјалниот известувач за слобода на религијата и уверувањето Асма Џахангир неодамна престојуваше во Република Македонија извести Маневски. 

Министерот Маневски ги претстави и приоритетите за во иднина.Во таа смисла тој рече дека  на национално ниво, ќе продолжиме со ратификација на меѓународни конвенции за човекови права, вклучително и Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, како и со континуирано усогласување на националното законодавство со меѓународноите стандарди во оваа област. Во тек е постапка за донесување на Закон за заштита од дискриминација.

Преземени се сеопфатни реформи во кривичното материјално и процесно законодавство, правосудниот систем, полицијата, борбата против корупцијата, организираниот криминал, вклучително и трговијата со луѓе. Реформите во судството се во насока на обезбедување на функционален, независен и ефикасен правосуден систем за  оставрување  и заштита на човековите права и слободи, за правично и фер судење во разумен рок.

Република Македонија останува на курсот на ефикасна превенција и репресија против ова зло на сите нивоа за што зборува и подобрената позиција на индексот на перцепцијата на корупција на транспаренси интернешенал каде Македонија се рангира на 74 во 2008 година од 106 место во 2006 година нагласи Маневски .

           Направени се значајни измени и се имплементирааат нови законски решенија во законот за спречување на корупција, Законот за судир на интереси, Законот за управување со конфискуван имот. Се подготвува нов Законот за кривична постапка, се воведува институтот проширена конфискација во Кривичниот Законик кој е предмет на јавни дебати. Со измените на Законот за судир на интереси, ќе се вклучат и државните службеници. Успешно се имплементираа препораките од Првиот евалуационен круг на ГРЕКО, додека во тек е и комплетна реализација и на препораките од 2 евалуационен круг. Во 2008 година конституирано е посебно Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кое постапува пред Одделение за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје I Скопје. Со имплементација  на стратегијата за реформи во Казненото законодавство и донесување на новиот ЗКП се воведува комплетно нов систем со кој истрагата од истражниот судија се префрла во рацете на јавниот обвинител.   

Во однос на реформите во затворскиот систем Маневски истакна дека тој опфаќа две компоненти: подобрување на сместувачките капацитети за осудените, притворените и малолетните лица и подобрување на работата на персоналот и подигање и јакнење на кадровските капацитети.

Oсновната цел е рече Маневски почитување и целосна имплементација на Законот за извршување на санкциите и спречување на било какво сурово, нечовечко постапување за осудените и притворените лица.

Човековите права и слободи се универзални и неприкосновени истакна Маневски. Република Македонија презеде бројни мерки за гарантирање на овие права, направен е значаен напредок на легислативен, институционален и административен план, кој претставува поттик за понатамошно залагање и обезбедување, заштита и унапредување на човековите права.

Вашите препораки рече Маневски  ќе бидат од исклучително значење за нашите понатамошни активности. 

           Денешната процедура предвидува  интерактивен дијалог  во траење од три часа  на кој беа разгледувани поднесените извештаи пред Советот за човекови права.

             Во делегацијата  што ја предводи министерот за правда Михајло Маневски и кои одговараат на поставените прашања,  вклучени се претставници  Владата на Република Македонија , од Министерство за надворешни работи, Министерство за труд и социјална политика,  Министерство за образование,  и Министерство за внатрешни работи.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk