Еднодневна обука за имплементација на Законот за постапување по претставки и предлози  
     
 

14.05.2009

 
 

Во организација на Министерството за правда  и Државниот управен инспекторат денеска во Клубот на пратеници се одржа еднодневна обука за имплементација  на Законот за постапување по претставки и предлози.

Заменик министерот Ибрахим Ибрахими истакна дека обуката се организира во рамки на реализација на активностите кои се однесуваат на Акцискиот план за борба против корупцијата 2009 година, воспоставување стабилни демократски институции и почитување на фундаменталните човекови права гарантирани со Уставот на Република Македонија.

Директорот на Државниот управен инспекторат Димитар Ѓорѓиевски рече дека денешната средба  е превенирање на состојбите преку  обука за имплементацијата на Законот и Правилниците. Службените лица кои се присутни  на денешната обука  рече Ѓорѓиевски се целна група која е во допир секојдневно со граѓаните. Правото на претставка  е уставно загарантирано право, секој граѓанин да бара од секој орган одговор на некое прашање. Законот се однесува на трите столба на власта и со него се опфатени сите органи на власта  вклучувајќи ги и судовите и Јавните обвинителства.

Наредниот месец рече Ѓеорѓиевски ќе бидат опфатени со обука други управни органи, а во подоцнежниот тек на имплементацијата на Законот ќе се направи и електронски уписник заради олеснување на примена на Законот.

Денешната обука беше проследена и со практична презентација  за начинот на постапување по претставките и предлозите.

Така во однос на примена на Законот за постапување по претставки и предлози се осврна Александар Алексовски, во однос  разликите помеѓу Законот за постапување по претставки и предлози и Законот за народен правобранител и Судскиот деловник се осврна  Љубиша Миладинов, а по Правилникот за начинот и формата на водење на евиденција на податоци што се однесуваат на постапувањето  по претставките и предлозите  како и за содржината на извештаите говореше Цветан Ангелески. Марија Стојковска  ги објасни  образец УПП и образец ИПП.

За денешната обука  присутните службени лица од органите на управата и од судството  пројавија  активен интерес.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk