Средба Маневски – г. Роберт Кирнак амбасадор на Република Словачка во Република Македонија  
     
 

14.05.2009

 
 

Министерот за правда  Михајло Маневски  денеска во прва   протоколарна посета го прими амбасадорот на Република Словачка г. Роберт Кирнак.

 На  средбата министерот  Маневски му посака добредојде на амбасадорот г. Кирнак  во Република Македонија  и  искажа задоволството од инцијативата за подобра  соработка помеѓу двете земји.



Министерот Маневски   го информираше господинот амбасадор за  судските  реформи и  можните области за соработка помеѓу Владите на Република Словачка и Република Македонија



Посебно внимание министерот Маневски  посвети   на реформите во пенитенцијарниот   систем и изборот на судии и јавни обвинители кои веќе ја поминале обуката во  Академијата за обука за судии и јавни обвинители.

Амбасадорот на Република Словачка  информираше дека по одлука на Владата на Република Словачка  а во насока на подобрување на односите помеѓу Република Словачка и Република Македонија досегашната Канцеларија за односи , е  назначена како  Амбасада на Република Словачка во Република Македонија,  и тоа започнувајќи од 20 јануари 2009 година.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk