Завршна конференција "Твининг проект - Одделение за борба против организиран криминал и корупција Јавно обвинителство" Охрид 19 - 20 мај 2009  
     
 

19.05.2009

 
 

На 19 и 20 мај во Охрид, Основното Јавно обвинителство за гонење на  организиран криминал и корупција и Твининг проектот - Одделение за борба против организиран криминал и корупција   Јавно обвинителство на Република Македонија, организираат   Завршна конференција  на која ќе биде презентиран  Финалниот  извештај  на Твининг проектот.

            Твининг Проектот започна во 2006 година и имаше за цел да ја зголеми ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Во таа насока огромен е придонесот на проектот во донесувањето на Законот за јавното обвинителство и формирањето на посебното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

            Активностите на Проектот  се однесуваат на едукацијата и тренингот на јавни обвинители, судии, припадници на Министерството за внатрешни работи и други органи. Така, во рамките на Проектот беа организирани семинари на посебни области од кривично – правната материја како: организиран криминал, корупција, трговија со луѓе, конфискација, посебни истражни мерки, меѓународна соработка во кривичната материја и други.

Еден од најзначајните аспекти на проектот беше посветен  на анализата на правната рамка на Република Македонија во областа на организираниот криминал и корупцијата, со посебен осврт на усогласеноста со правото на Европската унија.

            На конференцијата ќе присуствува делегација од Република Италија која ја предводи заменик – министерот за правда на Република Италија г-ѓа Марија Елизабета Алберти Казелати.

           На отворањето ќе се обрати министерот за правда Михајло Маневски, а  на  конференцијата ќе присуствува и Јавниот обвинител на РМ Љупчо Шврговски  и специјалниот претставник на ЕУ,  г.Ерван Фуере.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk