Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со г. Гуидо Сонк, белгиски амбасадор во Република Бугарија.  
     
 

18.05.2009

 
 

Министерот  за правда Михајло Маневски  денеска се сретна со  г.  Гуидо  Сонк, белгиски амбасадор во Република Бугарија.

Министерот Маневски на  почетокот го информираше амбасадорот г. Сонк за сите досегашни реформи кои се остварени во рамките на Националната  стратегијата на Република Македонија за пристапување кон Европската Унија. Маневски го информираше амбасадорот  и за досегашните реформи во пенитенцијарниот систем каде Република Македонија навистина оствари завиден напредок, потоа за  измените и дополнувањето на Изборниот законик и неодамнешните избори кои поминаа во фер и демократска  атмосфера .

Министерот Маневски се осврна и на воведувањето на е - судство, измените и дополнувањето во Кривичниот законик и Законот за Кривична постапка,  како и за започнувањето на обуката на  втората академска година на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Амбасадорот г. Гуидо Сонк упати благодарност за остварената средбата со Министерот Михајло Маневски и пренесе пофалби за напредокот на Република Македонија со  посебна напомена дека Владата на Кралството Белгија ја отвара  можноста за експертска   или  друг вид помош за Република Македонија.



Министерот Михајло Маневски и Амбасадорот г. Гуидо Сонк  заклучија дека е потребно продолжување  на  соработката помеѓу двете земји.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk