Средба Маневски – г-ѓа Симоне Филипини, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија  
     
 

22.05.2009

 
 

Министерот Михајло Маневски на самиот почеток ја информираше амбасадорката г-ѓа Филипини за сите досегашни реформи кои се остварени во рамките на Националната  стратегијата на Република Македонија за пристапување кон Европската Унија.

 Имено Министерот Михајло Маневски ја информираше амбасадорката  за  досегашните реформи со посебен осврт на аплицирањето на  Република Македонија за  неповратна помош во МАТРА билатералната помош на Кралството Холандија.

Апликациите се однесуваат на:

-  финансиска неповратна помош за реформата во Јавното Обвинителство, каде се подготвуваат   промени земајќи го во предвид создавањето на нов профил на Јавен Обвинител во Република Македонија .

-  финансиска неповратна помош за реформата во пенитенцијарниот  систем  повторно апликација од извонредно значење земајќи ги во предвид реформите  кои се случија во овој систем а и оние кои се во тек.

  Министерот ја информираше амбасадорката  за донесувањето на измените и дополнувањето во Изборниот законик со посебен осврт на  неодамнешните избори кои поминаа во фер и демократска  атмосфера, за кој успех во спроведувањето  беа согласни сите релевантни странски и домашни фактори во Република Македонија, потоа за

 - Воведувањето на е - судството

 - Измените и дополнувањето во Кривичниот законик и Законот за Кривична постапка.

 -Започнувањето на втората академска година на Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Г-ѓа Симоне Филипини упати благодарност за остварената средбата со министерот Михајло Маневски и пренесе пофалби за напредокот на Република Македонија со напомена дека Холандија секогаш била голем пријател за соработка на Република Македонија и секој напредок за Македонија значи успех и за Холандија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk