Регионална конференција за извршители - Балкански проект за реформи во извршувањето  
     
 

02.06.2009

 
 

МИА - Република Македонија во процесите на извршувањето има постигнато значајни резултати во изминатиов период од 2006 година, истакна министерот за правда  Михајло Маневски денеска на отворањето на Регионалната конференција за извршители  во земјите на  Југоисточна Европа.

- Во Македонија веќе работат околу 230 лица, од кои 68 се извршители, а  во тек е оглас за прием на нови 14 извршители, рече Маневски и додаде дека оваа бројка треба да достигне до 130 извршители бидејќи има потреба од тоа.

Маневски посочи дека извршувањето кога беше во надлежност на судовите се остваруваше околу 20 проценти. - Со организирањето на извршителите во 2007 година извршувањето е околу 40 проценти, во 2008 година  околу 47 проценти, а за првите три месеци од 2009 година извршителите реализирале околу 51 процент од предметите, додаде тој.

Министерството за правда, рече Маневски ја имаше должноста да го води процесот на реформи во правосудството, така што денес со задоволство можеме да констатираме дека успеавме да ги совладаме тешкотиите и да изградиме решенија, кои доведоа  до востановување на систем на извршување во Република Македонија, кој ја направи Република Македонија лидер во регионот во сферата на ефикасно извршување на судските одлуки.

Изразувајќи задоволство од работата на извршителите, претседателот на Комората на извршители на Република Македонија Антонио Коштанов истакна дека во однос на периодот кога судот го реализираше  извршувањето процентот на реализација на барањата се движел од 12, 15, до 20 отсто.

- Проблеми со работата имавме додека граѓаните не констатираа дека веќе не ги извршуваат судските одлуки судовите, извршните судии и судските извршители кои работеа во судовите, туку тоа е во надлежност на приватни извршители. Со разбирањето на таа работа од страна на граѓаните веќе и проблемите престанаа, рече Костанов.

Тој додаде дека тарифата на извршителите како најмало побарување на која се засноваат услугите кои ги наплатуваат изнесува 200 евра.

Денешната конференција е во организација на  Комората на извршители на Република Македонија, Центарот за меѓународна правна соработка на Холандија и Германското друштво за техничка соработка

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk