Граѓаните задоволни од работата на судовите во Република Македонија - Зголемена довербата во судовите  
     
 

04.06.2009

 
 

ИСТРАЖУВАЊЕ - УСАИД - ПРОЕКТ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

Зголемено  нивото на задоволството на граѓаните од работењето на судовите од 82,18%

Стручната служба на Судски буџетски совет при Судски совет на Република Македонија  во соработка со Проектот за имплементација на судските реформи на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД),, во изминатиот временски период од 03.03.2009 година до 16.04.2009 година, во сите основни судови на Република Македонија, по трет пат успешно ја спроведе Анкетата за мерење на задоволството на граѓаните од работата на судовите.

Оваа Анкета се спроведува континуирано, на секои шест месеци, со единствена цел да се добијат повратни информации со резултати од кои може да се согледа општото мнение и задоволството на граѓаните од начинот на работењето на судовите и кои ќе претставуваат реални показатели за напредокот, квалитетот и услугите кои ги нудат судовите во Република Македонија. Ве информираме дека третиот круг на Анкетата за мерење на задоволството на јавноста е комплетиран во сите 27 основни судови во Република Македонија.

 За резултатите од сегашната анкета

Добиените резултати од сегашната спроведена Анкета за мерење на задоволството на граѓаните од работењето на судовите во сите основни судови во државата, покажуваат дека задоволството на јавноста и на вработените од работењето на судовите бележат значително подобрување, со зголемување на нивото на задоволството на граѓаните од работењето на судовите од 82,18%.

 Анкетата беше правена со споредување на податоци на годишно ниво, односно со споредување на податоците добиени од сегашната анкета со резултати добиени од првичната поставена анкета за цела територија на Република Македонија  ( спроведена од м. јануари до м. март 2008 година). Во однос на првичната анкета, кога беа измерени 69,73%, се бележи пораст од 12,45%, мерено на годишно ниво, додека во однос на претходната анкета ( спроведена од м.септември до м.ноември 2008 година) кога беа измерени 78%, се бележи пораст од 4,18%.

Треттата анкета  покажа ниво на севкупно задоволство од  80,47 % кај јавноста. Во однос на првичната анкета, кога беа измерени 68,79%, се бележи пораст од 11,68%,  мерено на годишно ниво, додека во однос на претходната анкета ( спроведена од м.септември до м.ноември 2008 година) кога беа измерени 76,11%, се бележи пораст од 4,36%.

Сегашната спроведена анкета покажа ниво на севкупно задоволство од  86,21% кај вработените лица. Во однос на првичната анкета, кога беа измерени 75,10%, се бележи пораст од 11,11%,  мерено на годишно ниво, додека во однос на претходната анкета ( спроведена од м.септември до м.ноември 2008 година) кога беа измерени 82,30%, се бележи пораст од 3,91%.

 Идни активности

 Во временскиот период кој следи, Стручната служба на Судски буџетски совет, во соработка со Проектот за имплементација на судските реформи на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Академија за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и претседателите на основните судови во државата, судските администратори и судските координатори ќе настојуваат во иднина да превземаат мерки и активности кои ќе тежнеат кон одржувањето на високиот тренд на задоволството на јавноста и вработените од работењето на судовите како и кон подобрување на  квалитетот и  услугите кои ги нудат судовите.

Новиот циклус за спроведување на анкетата за мерење на задоволството на граѓаните од работата на судовите ќе се одржи во периодот од м. Септември - м.Октомври 2009 година.

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk