Охрид домаќин на Регионалната конференција на Транспаренси интернешнал за Европа и Централна Азија  
     
 

16.06.2009

 
 

МИА – Европските интеграции или проблемите со кои се соочуваат државите кои сакаат да станат членки од ЕУ и соседните држави, проблемите што произлегуваат за економијата како резултат од коруптивните појави во јавниот и приватниот сектор и движењето на илегалните фондови и создавањето на т.н. „даночни фрајови“, се главните теми на кои ќе дискутираат учесниците на Шестата Годишна регионална конференција на Транспаренси интернешнал за Европа и Централна Азија, што од денеска до 17 јуни се одржува во Охрид.

Корупцијата не е наследена и ендемска појава која има свои засолништа во ставовите и навиките на луѓето, туку системска појава против која треба да се бориме сите заедно и да ја сведeме на најмало можно ниво. Корупцијата е жилав противник, но не е непобедлив. Успехот зависи од политичката волја, од решителноста и посветеноста на државните органи и судовите, но и од граѓанското општество и медиумите кои предлагаат акции, организираат јавни соочувања и придонесуваат со истражувачка работа на ова поле“, истакна премиерот Никола Груевски.


Според него, суштинска е потребата од широк фронт против корупцијата, при што секој со својот личен пример дава придонес во борбата против злото на денешницата. „Корумпиран судија, политичар, професор, цариник ја дава истата слика за целокупната своја професија и отвора сомневање за стотици други кои чесно и професионално ја извршуваат функцијата“, посочи Груевски.


Притоа, кажа дека до крајот на 2008 година се донесени 27 судски пресуди за корупција и организиран криминал, при што се санкционирани поранешни заменик-министри, директори и високи државни функционери.

Министерот за правда Михајло Маневски пред новинарите истакна дека искуствата од работата на конферецијата ќе значат дополнителен поттик за уште поуспешни резултати во остварувњето на оваа исклучително значајна функција што ја имаат државите и владите односно надлежните институции во борбата против корупцијата.

- Во Република Македонија пред десетина година за корупцијата само се шепотеше, дури и потсекретар во МНР беше разрешен кога се осуди отворено да зборува за корупцијата. Потоа следеше период кога многу се зборуваше, меѓутоа изостануваа мерки. Денеска во Македонија за таа појава се говори, но веќе е создаден систем на мерки, институции екипирани со способни и едицирани кадри и материјални ресурси за успешна битка против корупцијата, истакна министерот Маневски.

Тој нагласи дека битката против корупцијата и организираниот криминал претставува долгорочен, континуиран, дури и макотрпен процес, оттаму што тој вид криминал не познава граници.

- Владата на Република Македонија е цврсто определена преку надлежните институции и натаму да води одлучна и бескомпромисна борба против корупцијата бидејќи таа ги напаѓа највиталните вредности на државата, ги повредува најдиректно слободите и правата на граѓаните и директно влијае врз развојот на демократските процеси. Тоа е наш врвен приоритет, како обврска кон граѓаните и како дел од евроинтегративните процеси, нагласи министерот Маневски.

(говор на министерот за правда Михајло Маневски - интегрален текст)

Регионалниот директор на Транспаренси интернешнал за Европа и Југоисточна Азија, Миклош Маршал, истакна дека секогаш постојат дополнителни, продолжени активности што треба да се преземаат во насока на зајакнување на борбата против корупцијата.

- Корупцијата е сигнал, не е болест, туку еден вид симптом кој укажува на лошо работење на јавните институции. Продолженото модернизирање на јавната администрација, подобрувањето на условите за развој на бизнисот остануваат да бидат главни задачи за власта и во иднина, за Македонија да стане ште попривлечна за странските инвестиции, истакна Маршал, поздравувајќи ги интензивираните активности што ги презема Владата на Република Македонија во справувањето со коруптивните појави.

На собирот во Охрид учествуваат 200 претставници од 45 земји од Европа и Централна Азија. Работниот дел на конференцијата продолжува со три панел дискусии „Проширувањето на ЕУ и реформи за антикорупција“, „Корупција и економски развој“ и „Незаконски одлив на пари“. 


Новински исечоци:

Утрински весник,   Вечер,   ВестНова Македонија


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk