Ревизија на Грант – Торнтон на материјално –финансиското работење на Министерството за правда  
     
 

06.07.2009

 
 

Од извештајот за  контрола на инвестиционите работи и финансиското работење не   се утврдени никакви забелешки во работењето на Министерството за правда

Ревизорската куќа ГРАНТ-ТОРНТОН изврши контрола на материјално-финансиското работење на Министерството за правда во врска со искористувањето на кредитот од Светска банка за Проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка.

Средствата  од кредитот се искористени за комплетно реновирање и  опремување на судовите со проширена надлежност и зајакнување на институционалните капацитети на Министерството за правда.

Ревизорската куќа ГРАНТ-ТОРНТОН е на мислење дека :

“Според наше мислење, финансиските извештаи на Проектот, кои се подготвени во согласност со условите утврдени во насоките за финансиско известување на Светската Банка, праведно, и во сите материјални аспекти, ја покажуваат финансиската положба на Проектот “Правна и правосудна имплементација и институционална поддршка” финансиран според Договорот за Заем 4823 МК, како и билансот на посебната сметка од заемот заклучно со 31.12.2008 година и движењата на посебната сметка како и изворите и употребата на средствата за годината која завршила, во согласност со сoодветните одредби утврдени во Договорот за Заем 4823 МК.“

Исто така, во извештајот се наведува дека “е водена адекватна придружна документација за надомест на направените трошоци за нивно оправдување пред Светската Банка.”

Сумарни резултати од реализираните активности:



- 45 судници се комплетно реновирани и опремени  со мебел:

во Основнитe судови: Прилеп, Тетово, Велес, Струмица и Охрид;

 - 150 судски кабинети и канцеларии за судска администрација се опремени

во Основнитe судови: Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Струмица, Струга и Охрид;

       - 4 претседателски кабинети  се реновирани и опремени

       во Основните судови во: Тетово, Велес, Штип и Прилеп;

- 3 конференциски сали /библиотеки се реновирани

во Основните судови во: Велес, Струга и Прилеп;

- Отворени се 4 современи архиви

во Основните судови во: Тетово, Велес, Струмица и Прилеп;

- Отворени се 3 нови шалтерски системи

во Основните судови во : Струмица, Велес и Прилеп;

- 3  фасади на судските згради се обновени

на судските згради во Тетово, Охрид, Штип;

 - извршена е комплетна замена на прозорци на 5 судски згради

Во Основните судови во: Тетово, Велес, Штип, Струмица и Охрид;

- Извршена е санација на кровот во 2 судски згради

во Основните судови: во Струга и Струмица;

- Отворени се   5 нови службени влезови за вработените

Во Основните судови во: Тетово, Велес, Струга, Струмица и Охрид;

- Изградени се  5 простории за приведени лица 

- Изградени се  5 пристапи за инвалидни  лица

- Извршено е реновирање на санитарните чворови

- Извршено е реновирање на хидротехнички инсталации и Противпожарни инсталации во 4 судски згради

во Основните судови во: Тетово, Велес, Струмица, Охрид,

- Направена е изведба на лифт и 2 лифт платформи во  Основните судови во ;Охрид ,Велес и Штип.


Во однос на финансиските извештаи на Министерството за правда, од страна на  Ревизорската куќа не се најдени никакви забелешки во финансирањето на проектот.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk