Заменикот министер Ибрахим Ибрахими учествува на состанок на министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ во Стокхолм, Шведска  
     
 

17.07.2009

 
 

Заменикот министер Ибрахим Ибрахими на покана на Владата на Шведска, а во рамките на шведското претседателство со ЕУ, во Стокхолм, учествува на неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од ЕУ, како и министрите од земјите кандидати за членство во Унијата.

Состанокот е посветен на подготовката на нова стратешки работна програма во областа на ресорите за внатрешните работи и за правда, т.н. Стокхолмска програма, која треба да ја утврди рамката и фокусот на ЕУ соработката во подрачјата како полиција, гранични и царински прашања, азил, миграција и борба против организираниот криминал.

На состанокот,  заменикот министер Ибрахими оствари и  средби со  министрите за правда на Словенија, Турција и претседателот на ЕВРОПРАВДА (EUROJUST).

По повод  одлуката на Европската комисија  за визна либерализација, шведскиот министер за миграција и азил Тобиас Билстром рече:

-Ова прашање е со висок приоритет и ние ќе  дадеме се од себе за да можеме да бидеме сигурни дека Советот може да донесе одлука за визна либерализација во текот на есента. Таквата одлука би ги довела овие држави еден чекор до ЕУ, изјави Билстром.

Во рамки на состанокот заменик министер Ибрахими ќе има свое обраќање. 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk