Целосно реновирано и опремено старечкото одделение во Казнено поправниот дом – Идризово  
     
 

17.07.2009

 
 

Министерството за правда согласно утврдената програма за создавање на подобри услови за престој во Казнено – поправите установи во Република Македонија, презема соодветни мерки за подобрување на условите за престој на осудените лица.

Старечкото одделение или  објектот за хронично болни и работно неспособни осудени лица  во КП Дом Идризово  беше посочено како една  од просториите кои имаат лоши услови за престој на осудени лица.

Министерството за правда и Управата за извршување  на санкции презедоа мерки за обезбедување на средства за комплетно реновирање и опремување на ова одделение.

Старечкото одделение е со капацитет за околу 50 лица кои се хронично болни и неспособни за работа. Со извршеното реновирање е хуманизиран просторот и е целосно прилагоден на меѓународните стандарди за издржувањето на казната на оваа категорија на осудени лица.


Објектот е комплетно реновиран и тоа:

-   целосно се обновени надворешните ѕидови и фасадата;

заменети се прозорците и вратите;


заменет е подот и поставен е ламинат;

-  изградени се нови санитарни јазли (3 тоалети и посебно 3 тушеви);


-  изградена е и опремена чајна кујна;

- преградени се 5 посебни простории кои се целосно опремени со нови кревети, душеци и постелнина, ормарчиња и нови маси со столици.




Во Казнено - поправниот дом Идризово  во тек е реновирањето на објект т.н. „школо“, каде што исто така  предвидена е изградба на нови санитарни јазли (бањи и тоалети), замена на подот, фарбање и нова опрема. Се очекува работите да завршат до почетокот на месец септември

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk