Потпишан Меморандум за имплементација на проектот- “Пилотирање на затворските реформи во согласност со бараните ЕУ стандарди”  
     
 

17.08.2009

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски  денеска  го потпиша Меморандумот за соработка со Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и  Надворешната Комонвелт канцеларија на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за имплементација на двегодишниот проект насловен како Пилотирање на затворските реформи во согласност со бараните ЕУ стандарди”.

Целта на проектот е да се придонесе кон подобрувањето на системот за рехабилитација и ресоцијализација на  осудените лица кои издржуваат казна затвор во Република Македонија.

Со реализација на предвидените проектни активности  се планира да се придонесе за  развој и усвојување на Национална стратегија за рехабилитација и ресоцијализација на затворениците,  потоа ќе се обезбеди помош за завршување на регулаторната рамка која произлегува од Законот за извршување на санкции, ќе се работи на  развивање и започнување на одржлива програма за обука на затворскиот персонал и за вработените во Центрите за социјална работа во склад со меѓународните стандарди.

Проектот ќе биде насочен кон подобрување на меѓу-институционалната координација на затворите и Центрите за социјална работа како и воспоставување на нов систем за третман на зависниците од дрога и алкохол во КПД Идризово;

Проектот ќе започне да се имплементира на 1-ви септември 2009 година , a e предвидено да заврши на 31-ви март 2011 година.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk