Преземање на избирачкиот список од министерството за правда во државната изборна комисија  
     
 

25.08.2009

 
 

Во Министерството за правда на ден 25.08.2009 година на иницијатива на Министерот за правда се одржа средба на членовите на Координативното тело за спроведување на активностите  за преземање на Избирачкиот список од Министерството за правда во Државната изборна комисија.


Согласно Изборниот законик надлежностите на Министерството за правда поврзани со изборните активности преминуваат во надлежност на Државната изборна комисија.

За спроведување на овие активности Собранието на Република Македонија формира  Координативно тело со членови од Министерството за правда, Државна изборна комисија , Државен завод за статистика и по еден член од пратеничките групи во опозиција и на власт кои се застапени во Собранието на Република Македонија.

На средбата беше договорено согласно роковите утврдени во Изборниот законик за реализација на оваа активност, Координативното тело да утврди план на активности со акционен план за нивно спроведување.

За координатор на работата на ова тело избрана е  Загорка Тноковска, претставник од Министерството за правда.

 

 

 

 

 
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk