Кралството Холандија ќе продолжи со поддршката на реформите  
     
 

19.10.2006

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска ја прими  г-ѓа Фредерик де Ман амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија. На средбата стана збор за досегашната соработка и можностите за нејзино интензивирање во иднина.  

Министерот Маневски рече дека помошта што холандската Влада и ја дава на Република Македонија во остварувањето на реформите во изминатиот период е од извонредно значење и оти се надева дека взаемната соработка ќе продолжи.


Амбасадорот де Ман потенцира дека нејзината земја има намера и во иднина да и помага на Република Македонија. Беше разгледана можноста помошта да се насочи во реформите на пенитенцијарниот систем во Република Македонија.

На средбата стана збор и за функционирањето на Јавното обвинителство, при што министерот Маневски истакна дека се работи интензивно на подготовка на Законот за јавен обвинител и Законот за совет на јавни обвинители со кои се очекува да се зајакне улогата на обвинителството во справувањето со организираниот криминал и корупцијата.

Амбасадорот на Кралството Холандија во РМ, Фредирик де Ман се интересираше и за тоа дали Македонија се чувствува подготвена да ги прими четирите хашки случаи.

Министерот Маневски потенцира дека Република Македонија ги исполни условите што ги постави Хашкото обвинителство за процесуирање на овие предмети.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk