Предаден во употреба целосно реновиран објект “Школо” во Казнено- поправниот дом Идризово  
     
 

07.09.2009

 
 

Министерството за правда и Управата за извршување на санкциите согласно Стратегијата за реформа на пенитенцијарниот систем и почитувајќи ги препораките на Европскиот комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување - CPT  во текот на 2008 /2009 година презеде низа активности за подобрување на сместувачките капацитети на осудени и притворени лица во Казнено поправните установи во Република Македонија

Како дел од тие активностите   денеска во КПД Идризово е предаден во употреба комплетно реновиран и опремен објектот Школо.

            Објектот Школо  е со капацитет  од 100 лица и неговата  основна намена е сместување на осудени лица кои немаат завршено основно и средно образование  и кои треба да го заокружат образовниот  процес.

            Извршена е целосна реконструкција на објектот, опремени  се училниците и други наставни простории, реновирани се  санитарните јазли и подобрен е системот за греење.

            Средствата за реновирање на овој објект се од Буџетот на Република Македонија.

Во КПД Идризово на крајот на 2008 год. и почетокот на 2009 год се преземени и делумно завршени следните активности:

- завршена е реконструкцијата на старечкото одделение со комплетно преуредување на просториите, заменети се прозорцитe,вратите, реновирани се санитарните јазли и подобрен е начинот на греење.Ова одделение е со капацитет од 50 лица

- завршена е изградбата на три шеталишта во затвореното одделение;

- завршена е изработката на платформата во 5 и 8 крило во затвореното одделение;

- набавена е и ставена е во функција нова стоматолошка столица со што е подобрана состојбата со обезбедување на стоматолошки услуги на осудените;

- набавено е ново спроводно возило;

- завршено е реновирање на санитарните јазли во 2, 5 и 8 крило во затвореното одделение;

- завршено е фарбање на ходниците и заменети се вратите во 2, 5 и 8 крило во затвореното одделение;

- извршена е демонтажа на старите фекални пумпи и набавени се и монтирани се нови фекални пумпи;

- во женското одделение завршено е комплетно реновирање на еден санитарен јазол (ВЦ и бања);

- во женското одделение адаптирана е една просторија за библиотека и е опремена со околу 1000 книги;

- подобрено е затоплувањето во женското одделение кое е приклучено на новата топлана;

- во фаза на набавка се апарати за кујна и машини за перење;

- набавен е гинеколошки стол

Во однос на забелешките  и препораките упатени од страна  Европскиот комитет за превенција од тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување - CPT, кои се однесуваат на сместувачките капацитети на КПД Идризово, целосно се реновирани и опремени Старечкото одделение и објектот Школо.

            Во однос на генералната препорака за надминување на слабостите и подобрување на затворските услови, во тек се крупни зафати за рефомско подобрување на сместувачките услови во сите  казнено-поправни установи. Со  реформа на пенитенцијарниот систем Министерството за правда и Управата за извршување на санкциите посветено и напорно работат со  една единствена цел менување на ликот на затворите во Република Македонија  и нивна преобразба  во  затвори според европски стандарди.

            Интензивни активности за подобрување на сместувачките капацитети се преземаат и во Затвор Скопје каде што е предадена во употреба нова притворска зграда, комплетно е реновиран Затворот Прилеп со капацитет од 130 лица, а Затворот Штип кој прерасна во КП Дом Штип е целосно реновиран и дограден и е со капацитет од 300 осудени лица.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk