СРЕДБА МИНИСТЕР МИХАЈЛО МАНЕВСКИ – ПОЛИТИЧКИ ПОМОШНИК ОД АМБАСАДАТА НА САД во РМ АМАНДА ТИМКО  
     
 

18.09.2009

 
 


Министерот за правда на Република Македонија г-дин. Михајло Маневски оствари средба со политичкиот помошник од Амбасадата на САД во РМ, Аманда Тимко. Целта на состанокот беше координација на тековните и идните проекти активности и продлабочување на соработката помеѓу двете институции во рамки на реформските процеси на Министерството за правда и тековните процеси во Република Македонија.

На одржаниот состанок, министерот Маневски информираше за статусот на реализација на обврските на министерството за правда со цел успешно и понатамошно продлабочување на реформите во правосудниот систем. Министерот извести дека се донесени и објавени во службен весник на РМ измените и дополнувањата на Кривичниот Законик кои воведуваат нови кривични дела и зајакнување на системот на кривична правда. Министерот информираше и за процесот на подготовка на новиот Закон за кривична постапка и Акцискиот план како и планираниот донаторски состанок за претставниците на меѓународната заедница за обезбедување на дополнителни средства за реализација на активностите поврзани со новиот ЗКП.

Политичкиот помошник од Амбасадата на САД во РМ, го поздрави напредокот и изрази пофални зборови за напредокот на работата на работните групи за ЗКП, за зголемената пристапност во затворите, за објавувањето на судските пресуди и нагласи дека сето тоа треба да продолжи во континуитет како и понатаму да се работи за обезбедување на консолидирани ставови на сите засегнати страни (полиција, јавни обвинители и судии) во подготовката на новиот систем на кривична постапка. Во таа насока, Г-ѓа Тимко понуди подготовка на кампања поддржана од страна на Амбасадата на САД за обука на адвокатите за одбраната за која може да се разговара и на повисоко ниво.


Предлозите за кампањата и активностите со задоволство беа прифатени од министерот Маневски кој подвлече дека министерството за правда останува на курсот на обезбедување на независен и ефикасен судски систем за сите граѓани на Република Македонија и реализација на сите активности во таа насока.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk