Обраќање на министерот Маневски на Регионалната конференција на министрите за правда и внатрешни работи што се одржува во Белград, Р. Србија  
     
 

29.09.2009

 
 

            Министерот за правда Михајло Маневски имаше свое обраќање во попладневната сесија на Регионалната конференција „Зајакнување на регионалната и транснационалната соработка како предуслов за успешни кривични постапки“ што се одржува во Белград,  во организација на Владата на Република Србија.

            Министерот Маневски  во обраќањето истакна дека Република Македонија има донесено добра легислатива за спречување на организираниот криминал и корупција. Ги ратификува и во законите ги вгради одредбите на повеке конвенции за транснационален организиран криминал, спречување на трговија со луге, за спречување на корупција и други. 

           Во Република Македонија истакна Маневски постојат специјализирани органи и тела кои успешно функционираат како што се посебното Јавно обвинителство за гонење на делата од организиран криминал и корупција, посебниот оддел во кривичниот Основен суд Скопје 1 за истражување и судење на овие дела, посебните оддели во полицијата, царината и други органи.

            Постојано се работи на подобрување на капацитетот на овие институции и едукацијата на кадрите и тоа дава добри резултати рече Маневски . Само во последните години донесени се осудителни 78 пресуди за кривичните дела на трговија со луге спрема 163 лица од кои 20 странци, а  жртви на трговијата биле 377 лица од кои 24 малолетници.

            Резултатите што се постигнати во спречување на делата на трговија со луге и другите облици на организиран криминал се верификувани во процесот на визна либерализација. Република Македонија има создадено добра основа за уште поефикасни резултати во наредниот период истакна министерот Маневски.

           Неопходно е унапредување на регионалната и мегународна соработка која е воспоставена со повеке држави и мегународни организации. Република Македонија има капацитет за успешно справување со овој вид на криминал и секако дека и во иднина ке настојува да го надградува истиот и да обезбедува ефикасна превенција и гонење на сторители на овие дела, нагласи министерот за правда Михајло Маневски во своето обракање.

            Регионалната конференција беше искористена за одржување на повеке  билатерални средби и во таа смисла, министерот Маневски се сретна со министрите за правда на Србија, Црна Гора и Хрватска. Беа потврдени заложбите за зајакната соработка и усогласување на законските решенија во националните законодавства, се со цел успешно и ефикасно справување со организираниот криминал. 

           Обраќање (целосен текст)

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk