Работна средба со претседателите на Основните и Апелационите судови  
     
 

01.10.2009

 
 

               Во организација на Министерството за правда и УСАИД - Проект за имплементација на судските реформи денеска се одржа Работна средба  на која се дискутираше за динамиката на извршување на предметите и подготовките за имплементација на Измените на Законот за извршување.

             Министерот Маневски обраќајќи им се на присутните ги потсети дека точно пред една година на средбата во Апелациониот суд Скопје  се разговараше за тоа како да се анализираат извршните предмети кои останаа во работа во  судовите согласно Законот за извршната постапка, со цел да се креира план за трансфер на извршните предмети од судовите кај приватните извршители. Врз основа на сите тие анализи спроведени во 2008-та година,  беа согледани состојбите по што беше подготвено законско  решение на трансферот. 

           По усвоените измени на Законот за извршување во јули 2009 година, Министерството за правда започна со подготовки за реализација на ефикасен трансфер на предметите кај приватните извршители, се разбира за оние предмети кај кои странките ќе имаат интерес да го сторат тоа.

            Ова законско решение, предвидува голема обврска за вас судовите, во правец на подготовка на предметите за трансфер истакна министерот Маневски. Судовите се должни да ги попишат сите преземени извршни дејствија и списи во конкретниот предмет, како и трошоците кои се наплатени во судот, и со заклучок да го достави предметот кај избраниот извршител на натамошно извршување.

            На работната средба беа изнесени искуствата  на Основните и Апелационите судови во врска со активностите околу Законот за извршување.

           На крајот на средбата беа усвоени заклучоци согласно кои беше дадена целосна поддршка на УСАИД - Проект за имплементација на судските реформи, при што беше потенцирано дека е потребно стриктно придржување кон законските рокови, и беше закажана нова средба со истата точка на дневен ред за 1 март 2010 година.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk