Тркалезна маса - Статусот на Јавното обвинителство  
     
 

24.10.2006

 
 

 ТРКАЛЕЗНА МАСА - СТАТУСОТ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Во организација на Здружението на јавни обвинители на  Република Македонија и финансиска поддршка на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, денеска во хотелот ,,Арка,, се одржа Тркалезна маса  на тема  ,,Статусот на Јавните обвинители-Закон за Јавно обвинителство и Закон за Совет на јавни обвинители.

На Тркалезната маса учествуваше и Министерот за правда Михајло Маневски кој истакна дека со новиот Закон за јавно обвинителство позицијата на јавниот обвинител ќе  биде зајакната пред се заради ефикасно справување со   организираниот криминал и корупцијата во државава. Јавниот обвинител според министерот Маневски во новите законски прописи во преткривичната постапка ќе ја синхронизира и насочува работата на другите институции и органи  надлежни за гонење на криминалот, кои со закон ќе бидат обврзани да соработуваат со него.Јавниот обвинител според министерот  Маневски ќе има главен збор и во истражната постапка, наместо истражните судии како што беше случај до сега. За оваа намена измени ќе претрпи и Законот за кривична постапка.

Тркалезната маса беше можност за отворање на повеќе прашања околу регулирање на статусот на Јавното обвинителство во новите законски проекти на Министерството за правда.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk