Работна средба Маневски – Државна изборна комисија  
     
 

08.10.2009

 
 

           Денеска  во просториите на Државната изборна комисија  министерот за правда  Михајло Маневски одржа работен состанок со Претседателот Александар Новаковски   и членовите на Државната изборна комисија.

           
На состанокот беа разменети мислења во однос на работата на работните групи  за ревидирање на изборното законодавство, работната група за подготовка на активни мерки за надминување на проблемот со наводните случаи на заплашување во текот на изборите, работната група за зајакнување на капацитетите на ДИК и работната група за ревидирање на Избирачкиот список, формирани од страна на Меѓуресорското владино тело.

           
Претседателот на  Државната изборна комисија Александар Новаковски информираше за активностите кои се преземаат од страна на ДИК во однос на  проектите кои ќе се реализираат  со меѓународните организации се со цел да се усогласат заедничките потреби на ДИК , Министерството за правда и другите органи поврзани со изборниот процес.

            На состанокот исто така беа разменети и мислења во однос на идните активности кои се реализираат  заедно  со Министерството за правда и  ДИК.

           
Министерот за правда  Михајло Маневски ја нагласи поддршката која ќе ја дава на ДИК и во наредниот период , особено  околу  ажурирањето на Избирачкиот список , кадровското екипирање по Подрачните одделенија  и нивното просторно сместување.

            На состанокот беше договорено како и досега да следат работни состаноци  заради размена на информации и усогласување на потребите во реализацијата на заедничките проекти поддржани од меѓународните организации.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk