Форум за влијанието на одредени членови од Европската Конвенција за човекови права врз правниот систем на Република Македонија  
     
 

13.10.2009

 
 


             Во организација на Министерството за правда – Биро за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права и Советот на Европа денеска во Маврово се одржа - Форум за влијанието на одредени членови од Европската Конвенција за човекови права врз правниот систем на Република Македонија.

             На работилницата  се обрати  министерот за правда Михајло Маневски.

            Со денешниот форум континуирано се навраќаме на едукацијата  на судиите и на јавните обвинители и инспекторите во сферата на примената  на одредбите на Европската конвенција за човекови права истакна министерот Маневски. За неколку месеци ова е трето советување, првите две беа посветени  на судење во разумен рок. На овој форум ќе се расправа за членот 1 од првиот протокол на Конвенцијата а тоа е заштитата на правото на сопственост, потоа судската постапка при процесуирање на жалбата, а второто прашање е член 3 од Европската конвенција, а тоа е прашањето на право на ефикасен правен лек, ефикасна истрага.   

            Значи континуирано се работи на проучување на Европското право а особено на практиката на Европскиот суд за човекови права и на Конвенцијата рече министерот  Маневски. Тоа е дел од нашиот систем кој ќе биде во функција на едукација на судиите и обвинителите заради целосна примена на Конвенцијата и заштита на човековите права.

            Во однос на соработката со Европскиот суд за човекови права министерот Маневски истакна дека Република Македонија има континуирана соработка со судот. Министерството за правда донесе два закони кои ја регулираат токму оваа материја. Едниот се однесува на постапување пред Европскиот суд за човекови права  а другиот за извршувањето на неговите одлуки.

           

          Во таа смисла има континуирана соработка, почнувајќи од Министерството за правда па до Врховниот суд, со оглед на надлежноста на Врховниот суд да одлучува по барања што се однесуваат на судење во разумен рок,бидејќи долгата постапка влијае на остварувањето на човековите права а ние ќе се заложуваме со сите мерки што треба да се преземат и во рамки на едукација и во рамки на легислатива да се обезбеди судење во разумен рок- истакна министерот Маневски.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk