Состанок на координативното тело за остварување на соработка во вршењето на работите од инспекциски надзор  
     
 

24.10.2006

 
 

Координативното тело за остварување на соработка во вршењето на работите од инспекцискиот надзор, под раководство на Аднан Ќахил, министер без ресор во Владата на Република Македонија, денеска 24 октомври 2006 година,  одржа состанок со директорите на инспекторатите и на управите на инспекциските одделенија.

На првиот состанок на Координативното тело беа изнесени согледувањата од досегашната работа на инспекциските служби во Република Македонија, при што беа посочени одредени слабости во вршењето на инспекциската дејност. Притоа, заради поголема ефикасност и постигнување конкретни резултати, беше сугерирано дека е потребно воспоставување  интегрирани системи на инспекциските служби во сродни дејности, поголема координација меѓу ресорните министерства и инспекциските служби, како и подобро кадровско екипирање.

На состанокот присуствуваше и директорот на Државниот управен инспекторат при Министерството за правда Димитар Ѓеорѓиевски кој го информира министерот Ќахил за состојбите во инспекторатот и за тековните активности. Ѓеорѓиевски истакна дека зголемениот обем на работа го актуелизира прашањето за ангажирање на поголем број инспектори кои во моментов недостасуваат. Во врска со активностите предвидени за октомври приоритет на инспекторатот е вршење надзор врз комисиите за денационализација и работата на судовите од аспект на Судскиот деловник.

Истовремено, на денешната средба беше укажано на потребата за учество на инспекциските служби во подобрувањето на постојните закони   и активно учество во подготовките на нова законска регулатива која ќе биде хармонизирана со европското законодавство од оваа област.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk