Маневски - Министерска конференција на ЕУ во Брисел, Белгија  
     
 

19.10.2009

 
 

              Во пресрет на меѓународниот ден за борба против трговијата со луѓе, Шведското Претседателство на Европската Унија организира конференција на високо ниво Во пресрет на глобалното делување на Европската Унија против трговијата со луѓе за министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ како и на САД, Русија, Бразил и пошироко, како и претставници на еминентни организации како ИОМ, ОБСЕ, ЕВРОПОЛ, ЕВРОПРАВДА и други, која се одржува во Брисел, Белгија.

            Делегација предводена од министерот за правда Михајло  Маневски и  министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска учествуваат на оваа конференција на високо ниво на која покрај министерот за правда на Шведска Беатрисе Аск и министерот за внатрешни работи на Белгија Анемие Туртелбоом, Потпретседателот на Европската Комисија Жак Баро кои имаа поздравни обраќања, свечено се обрати и Н.Е. Кралицата Силвиа на Шведска во присуство на Н.Е. Кралицата Паола од Белгија.

            На конференцијата се дискутираа значајни теми од областа на борбата против трговијата со луѓе - Меѓународно партнерство за спречување на трговија со луѓе; Партнерство за заштита и помош на жртвите од трговија со луѓе; Партнерство во спроведувањето на законите и полициската соработка во борбата против трговијата со луѓе; и Партнерство за заштита на децата од трговија со луѓе – кои се сместени во заедничката Декларација за борбата против трговија со луѓе, која е предмет на усвојување од страна на сите присутни. Покрај декларацијата, конференцијата го дава и својот придонес во подготовката и на Документот ориентиран кон активности за зајакнување на надворешната димензија за борба против трговијата со луѓе, кој се подготвува во рамки на ЕУ.

            Во рамки на конференцијата, министерот за правда Михајло  Маневски е планирано да се обрати во рамки на Панел 3 Партнерство во спроведувањето на законите и полициската соработка во борбата против трговијата со луѓе при што ќе се осврне за активностите кои Република Македонија ги постигна во превенцијата и репресијата на ова модерно зло.

            На маргините на состанокот министерот за правда Михајло Маневски оствари билатерална средба со министерот за правда на Косово  Некибе Келменди, и со министерот за правда на Холандија  Хиршбалин. 

          
           Со министерката за правда на Косово  се разговарало за потпишување билатерални договори, а со холандскиот министер за правда за претстојната негова посета на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk