Загреб-Република Хрватска, средби на министерот Маневски со Шимоновиќ, Хрватин, Бајиќ  
     
 

27.10.2009

 
 



            Во рамки на еднодневната работна  посета на Загреб, Република Хрватска министерот за правда Михајло Маневски  денеска се сретна со министерот за правда на република Хрватска  Иван Шимоновиќ


            На средбата беа разменети искуства околу прашањата посветени на:

-          борба против организираниот криминал и корупција

-          примената на Законот за кривичната постапка во Република Хрватска

-          искуство од функционирањето на Академиите за обука на суди и јавни обвинители

-          воведувањето на пробацијата и

-          бесплатната правна помош.

            Во Министерството за правда на Република Хрватска на прес конференцијата двајцата министри ги запознаа новинарите со темите за кои беше разговарано.

            На средбата со претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска,  Бранко Хрватин посебно внимание беше посветено на темите поврзани со ефикасноста на судството. Од страна на министерот за правда на Република Македонија беа презентирани резултатите на полето на ефикасноста на судството во Република Македонија кои се однесуваат на намалувањето на приливот на новопримени предмети и намалувањето на нерешените предмети.

            Во Жупанискиот суд во Загреб на делегацијата од Министерството за правдана Република Македонија беше презентирано функционирањето на истражниот центар во овој суд.

            На средбата со Главниот државен јавен обвинител Младен  Бајиќ беа презентирани искуствата од примената на новиот Закон за кривичната постапка. Исто така, беше презентирана и новата опрема за снимање на исказите на обвинетите.

            Во Министерството за внатрешни работи делегацијата  беше запозната  со  искуствата од примената на новиот Закон за кривичната постапка од страна на полицијата и нивниот однос со јавното обвинителство, како и активностите на одделот за организиран криминал и корупција во рамките во Министерството за правда на Република Хрватска

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk