Промовирана четвртата генерација на судски преведувачи  
     
 

02.11.2009

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денес им врачи решенија на 58 судски преведувачи кои успешно ја поминаа проверката на знаењето на странски јазик во четвртата сесија.Од 63 кандидати во четвртата сесија, 58 успешно го положија испитот за судски преведувачи.

Досега од 329 пријавени кандидати во четири сесии, дипломи за судски преведувачи имаат добиено 263 кандидати и тоа за албански, англиски, босански, бугарски, германски, грчки, италијански, кинески, полски, руски, словенечки, српски, турски, француски, хрватски, црногорски, шпански јазик - рече Маневски.

Овие преведувачи на странски јазици како што нагласи, се од големо значење за Република Македонија во интегрирањето во евроатланските структури, како и за работа во дипломатско-конзуларните претставништва, во судовите и во другите институции каде што има потреба од преведувачи за странски јазици.

На овој начин и Република Македонија ја подобрува состојбата на исполнување на критериумите на Европската Унија во спроведувањето на повеќејазичноста и јавната употреба на јазиците, како  утврдена политика на унијата.

Министерот Маневски на судските преведувачи им порача да го унапредуваат своето знаење и понатаму, затоа што, како што рече, нивните искуства ќе бидат драгоцени за државата и за институциите во преведувањето.

Министерот Маневски им се заблагодари и на професорите од нашите образовни институции со чија помош се спроведе проверката на знаење на  судскипреведувачи.  


 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk