Голема посетеност на веб страната на Министерството за правда  
     
 

07.11.2009

 
 

 (МИА) - Веб страната на Министерството за правда е исклучително посетена, а доказ за тоа се регистрираните 161.882 посети и пребараните 350.000 страни во периодот од ноември 2006 до октомври 2009, рече министерот Михајло Маневски на денешната прес-конференција.

Според статистиката, како што посочи тој, најголеми пребарувања на вебот на Министерството биле регистрирани во септември годинава, а покрај посетите од Македонија, регистрирани се и посети од Белгија, Словачка, Грција, Кувајт, Словачка САД и Италија.

Маневски рече дека за само една година е забележан голем напредок во однос на компјутеризацијата на судовите, најавувајќи дека од 1 јануари 2010 ќе се води електронска евиденција на судските уписници и ќе се врши електронска распределба на судските списи.

- Од 1 септември годинава до денеска на веб страните на судовите се објавени 4.346 пресуди, што е значителен напредок, истакна Маневски и додаде дека сите судови  треба да ги објавуваат пресудите на своите веб страниците со што ќе бидат потранспарентни во своето работење.

Според него, интенција е секоја пресуда по нејзиното изготвување во рок од 48 часа да биде објавувана на веб страницата на судот затоа  што на тој начин се јакне одговорноста на судовите во донесувањето на судски одлуки.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk