Средба на министерот Маневски со Амбасадорот на Европската Комисија г. Ерван Фуере  
     
 

17.11.2009

 
 

            Министерот за правда Михајло Маневски, денеска се сретна  со Н.Е. Амбасадорот на Европската Комисија Ерван Фуере и со  г-дин Патрик Паке Раководител на политичкиот и информативен сектор на Мисијата на ЕУ во Македонија. Средбата  е  во рамки на редовните средби  кои се одржуваат  секоја година по објавувањето на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија кон ЕУ.

На самиот  почеток, министерот Маневски  изрази  задоволство и благодарност за позитивниот извештај кој претставува одраз  како што рече на сработеното но и поттик за понатамошни реформи за обезбедување на независно и ефикасно судство.

Министерот Маневски информираше за последната Седница на Собранието на Република Македонија, на која заврши првото читање на Предлогот Закон за бесплатна правна помош, оценет и од опозиционите партии на Собранието како позитивен и добар предлог на закон поднесен на разгледување пред Собранието. Едновремено, Маневски  се осврна и на другите изготвени и донесени предлог-закони од важност за реформа на правосудството, како законите за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија и на членовите на Советот на јавните обвинители, Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и други закони  во насока на реафирмација на  заложбите за ефикасни реформи на правосудството и унапредување на човековите права

 Министерот Маневски  нагласи дека се постигнати резултати во  областа на правосудството како  што е електронското објавување на пресудите на судовите, кое веќе отпочна од август 2009 година, успешното функционирање на новите девет институции, реновираните судски згради, намалувањето на бројот на нерешените предмети, скратувањето во времетраењето на судските постапки, изградени нови, како и реновирани и комплетно опремени капацитети на казнено-поправните домови, спроведени се и планирани  обуки за јакнење на кадровските капацитети во затворите и соработка со експерти.

Што се однесува на реализацијата на Стратегијата за реформа на казненото право, воведени се нови кривични дела, како што е злоупотреба на фондовите на Европската унија.

Од страна на Н.Е. Амбасадор Фуере беше изразена благодарност за приемот и информирањето за работата на Министерството во насока на реформите во правосудството врз кој е заснован позитивниот извештај на Европската комисија и кој јасно го прикажува прогресот направен во областа на правосудството. Воедно беше порачано фокусот да се стави врз надградувањето на постигнатото особено во областите:

-                јавна администрација –

-                антикорупциска политика

-                изборното законодавство –

-                управување со казнено - поправните домови

Министерот Маневски накратко се осврна на секоја од овие области притоа информирајќи дека Законот за бесплатна правна помош се очекува да биде донесен во декември 2009 година, дека реформата на јавната администрација е во фокусот на вниманието и дека се подготвува Законот за јавните службеници додека пак подготвен е правилникот и подзаконските акти на Законот за државни службеници, се одржуваат постојани координативни состаноци во врска со ревидирањето на избирачкиот список и во тек е проект за негово прочистување во двеи пилот општини, реформите во пенитенцијарниот систем заземаат централно место и во тек се преговори со Европската банка за обнова и развој од која треба да се добие заем за реконструкција,  и исто така континуирано се посветува внимание на зајакнување на капацитетите во затворите и нивно обучување .

 На крајот на состанокот министерот Маневски се заблагодари за соработката и континуираната поддршка од Европската Комисија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk