Состанок на Советот за реформи во правосудството со Амбасадорот на Европската Комисија г. Ерван Фуере  
     
 

17.11.2009

 
 

           Денеска членовите на Советот за реформа на правосудството  одржаа  работен состанок со Н.Е. Амбасадорот на Европската Комисија  Ерван Фуере.

          На средбата присуствуваа претседателот на Врховниот суд на Република Македонија  Јово Вангеловски, претседателот на Судскиот Совет на Република Македонија Васил Грчев , државниот правобранител Оливера Китанова , директорот на Агенцијата за обука на судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска , Јавниот обвинител Јован Илиевски.

На состанокот раководителите на правосудните институции во Република Македонија го презентираа напредокот во судството, јавното обвинителство и Државното правобранителство.

Од страна на Амбасадорот Фуере беа поздравени постигнатите резултати во областа на правосудството, кои беа нотирани и во Извештајот на Европската комисија.

Во текот на состанокот, посебно внимание беше посветено на активностите на Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Академијата за обука на судии и јавни обвинители во насока на изборот на судии и јавни обвинители, како и нивната обука.

Исто така, беа акцентирани активностите поврзани со објавувањето на судските пресуди и отворањето на канцелари за односи со јавноста во судовите, како и транспарентноста во работата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.


           Како посебно битно прашање беше нагласено финансирањето на судството и притоа беше истакната потребата од натамошно зголемување на средствата за финансирање на судовите и јавните обвинителства и зголемување на трендот за вработување на стручни соработници во овие институции.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk