Посета на министерот за правда на Кралството Холандија Н.Е. Ернст Хирш Балин на Република Македонија  
     
 

23.11.2009

 
 

            На покана на министерот за правда  Михајло Маневски  денеска  во еднодневна работна посета на Република Македонија  престојува министерот за правда на  Кралството Холандија Н. Е. Ернст Хирш Балин.

            На средбата во министерството за правда   беше  потенцирана соработката меѓу двете земји, за која што беше речено дека веќе десет години  успешно се остварува, при што може да се говори за многу релизирани проекти во правосудството кои се остварени со несебична помош од Кралството Холандија како најголем билатерален донатор на Република Македонија.         

Во рамки на средбата беше  потпишано   Писмо за намера за МАТРА проектот - коe е во функција на  зајакнување на македонскиот пенитенцијарен систем.

Во Врховниот суд на Република Македонија пред бројни медијатори судии и јавни обвинители  беше  промовиран  Прирачник за медијација за судиите и јавните обвинители.

- Во обраќањето министерот Маневски  рече дека Прирачникот,  во прв ред, е наменет за потребите на  судиите и јавните обвинители, за тоа како во соодветна судска постапка полесно да извршат квалитетна проценка на предметите и дали предметите се подобни спорот да  се реши со помош на трето неутрално лице -  непристрасен медијатор.

- Меѓутоа, она што претставува посебна предност на овој прирачник , нагласи Маневски е тоа што тој е одлична литература и за странките во постапките,  нивните полномошници, посебно адвокатите, и за сите оние што се заинтересирани за можноста  за остварување на позитивни резултати од медијацијата.

Говор за министерот за правда Михајло Маневски за медијација

На средбата во Академијата за обука на судии и јавни обвинители министерот Н.Е. Ернст Хирш Балин  се осврна на селекцијата и именувањето на судиите како гарант на независноста на судството.

Говор на министерот за правда на Кралството Холандија Н.Е. Хирш Балин


   Во рамки на посетата на најголемиот затвор Идризово, беше организирана прошетка во затворот и презентација на МАТРА -  кој е во рамки на билатералниот проект Зајакнување на националниот пенитенцијарен систем во согласност со меѓународните и европските стандарди. Проектот е имплементиран од страна на македонската Управа за извршување на санкции, казнено -поправните домови Штип и Идризово и Холандската агенција за поправни институции. Проектот ќе придонесе за зајакнување на пенитенцијарниот систем во Македонија во согласност со меѓународните и европските стандарди за човекови права со споделување на искуство, поттикнување на соработка помеѓу персоналот од одделението за третман со одделението за безбедност и со помагање при воведувањето на проценка на ризикот во казнено -поправните институции.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk