Ќе се интензивира соработката во борбата против организираниот криминал  
     
 

27.10.2006

 
 

Министерот за правда, Михајло Маневски денеска го прими амбасадорот на Велика Британија, Роберт Четертон Диксон.

На средбата стана забор за активностите и мерките што Министерството за правда ги презема и ќе ги презема во рамките на реформите во правосудството и борбата со организираниот криминал.

Министерот Маневски потенцира дека во тек е заокружување на правната рамка со подготовката на Законот за јавно обивинителство и Законот за Совет на јавни обвинители, согласно измените на Уставот на РМ. Тој, при тоа, ја образложи и намерата за донесување Закон за формирање Агенција за борба против организираниот криминал. Министерот за правда, Маневски додаде дека помошта од страна на британските експерти во оваа област би била добредојдена.

Амбасадорот Четертон Диксон го поздрави континуираното спроведување на реформите во правосудниот систем. Тој потенцира дека владеењето на правото е многу важен сегмент во остварувањето на зацртаните реформски цели и додаде дека во таа смисла е неопходна целосна имплементација на донесените и законите што се во подготовка.

            Министерот Маневски и амбасадорот Четертон Диксон изразија подготвеност за продолжување и интензивирање на досегашната соработка, особено во борбата против организираниот криминал, како важен сегмент во исполнувањето на стандардите важни за интеграцијата во ЕУ и НАТО.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk