ОГЛАС за пријавување на кандидати за полагање на испитот за извршители закажан за 21.Декември.2009г.  
     
 

03.12.2009

 
 

Врз основа на член 4 и член 5 од Правилникот за програмата и начинот на полагање на испитот за извршители (“Службен весник на РМ” бр. 90/05, 142/07 и 79/09), Комисијата за полагање на испитот за извршители распишува


ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ  НА КАНДИДАТИ  ЗА ПОЛАГАЊЕ  НА ИСПИТОТ ЗА ИЗВРШИТЕЛИ 


1.Кандидатот што се пријавува треба да ги исполнува следните услови :

-  да има завршено правен факултет;

- да има работно искуство на правни работи од пет години, односно на извршни работи од три години.

2.Кандидатот треба да ги достави следните документи:

- пријава со задолжителна административна такса од  50 денари, во која читливо ќе бидат наведени личните генералии, точната адреса, бројот на телефонот: мобилен, домашен и од работното место, бројот на личната карта и единствениот матичен број;

- диплома за завршен правен  факултет;

- потврда за работно искуство на правни работи од пет години, односно на извршни работи од три години;

- уверение за положен правосуден испит (доколку кандидатот има положено);

- извод од матичната книга на венчани, односно доказ за промена на името или презимето (за кандидатите кои во молбата за пријавување имаат различно име или презиме од името или презимето наведено во дипломата за завршен правен факултет);

 - доказ за платени трошоци за испитот;      

3.Секој кандидат треба да достави уплатница во износ од 9.000,00 денари, уплатени на жиро-сметка на Министерството за правда, број 070010014063112 со назнака за полагање на испитот за извршители, назив на примачот- Министерство за правда, банка на примачот- Народна банка на РМ, трезорска сметка на Народна банка број 100000000063095, приходна шифра 723013, програма 10.

4.Потребните документи (во оригинал или во фотокопии заверени кај нотар) се поднесуваат во архивата на Министерството за правда најдоцна до 15.12.2009 година, ул. “ Димитрије  Чупоски” бр.9 Скопје.

5.Писмениот дел од испитот ќе се одржи на 21.12.2009 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот во просториите на Управниот суд на Република Македонија во Скопје 

6.Кандидатите кои го положиле писмениот испит за извршители дополнително ке бидат известени за денот  и часот на полагање на устниот дел од испитот.

7.Кандидатите што не ги исполнуваат условите за полагање на испитот за извршители, писмено ќе бидат известени. 


Претседател на Комисијата

Проф д-р Арсен Јаневски

 
 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk