Средба Маневски - Н.Е. заменик Амбасадорот на САД г. Навратил и шефот на канцеларијата на ОПДАТ при Амбасадата на САД г-ѓа Ворен  
     
 

11.12.2009

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски денеска се сретна со заменик Амбасадорот на САД г. Навратил со цел претставување на новиот шеф на канцеларијата на ОПДАТ при Амбасадата на САД г-ѓа Ворен.

На состанокот министерот Маневски информираше за реформите кои Република Македонија ги спроведува во областа на правосудството со посебен осврт на реформите на кривичното законодавство.

Во исто време министерот Маневски се заблагодари за големиот придонес кој што ОПДАТ го дава во рамките на процесот на реформи на кривичното законодавство, во рамки на потпишаниот Меморандум за соработка од 2007 година како и за севкупните заложби на Амбасадата на САД за поддршка на владеењето на правото во Република Македонија. Министерот Маневски подвлече дека г-ѓа Ворен доаѓа во право време, каде нејзината стручна помош како искусен обвинител ќе биде од голема помош, како и од експертите од САД кои ќе партиципираат во идното спроведување на новиот Закон за кривична постапка како и во реализацијата на Акцискиот План.

Г-ѓа Ворен изрази задоволство од можноста да работи во Македонија, и да придонесе во спроведувањето на новиот Закон за кривична постапка по неговото донесување, на кој подвлече дека е веќе многу одработено. Таа изрази подготвеност за понатамошна соработка во областа на кривичното законодавство како и во севкупниот процес на реформи во областа.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk