Карлос Малдонадо, координатор на ОН и претставник на УНХЦР изјави:  
     
 

11.12.2009

 
 

„Дозволете ми да и аплаудирам на Владата за поддршка на професионална универзална ревизија и заложбата за исполнување на обврските на човековите права“



Никогаш не е доволно сторено во заштитата на човековите права. Македонија иако пофалена во овој сегмент со усвоениот периодичен извештај кој го подготвуваат сите земји членки на Обединетите нации, сепак со низа препораки за обврски кои треба да ги дозаврши во делот на недискриминирањето и човековите права.

Подобрување на затворскиот и полицискиот систем, јакнење на независноста на судството, исполнување на стратешките приоритети од Охридскиот договор и еднакви права за геј популацијата се дел од препораките кои на Македонија и ги упатиле некој од земјите членки на Обединетите нации.

„Република Македонија се изјасни за прифатливоста на пораките, како и за нивна имплементација, бидејќи тие кореспондираат и со тековните и идните активности на нашиот национален план“, рече Михајло Маневски, министер за правда.

Координаторот на Обединетите нации во Македонија со позитивен став за Македонија и постигнатото во човековите права.

„Дозволете ми да и аплаудирам на Владата за поддршка на професионална универзална ревизија и заложбата за исполнување на обврските на човековите права“, изјави Карлос Малдонадо

Сепак, од македонскиот Институт за човекови права посочија дека состојбите во земјава се далеку од розови и треба уште многу да се стори.

Показател за ова е и зголемениот број примени претставки од народниот правобранител, каде граѓаните се жалат на полициското постапување, судството, но и јавната администрација.

Миле А. Ристески

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk