Известување до граѓаните: Од 01.01.2010 година отпочнува ACCMIS во сите судови на Република Македонија  
     
 

28.12.2009

 
 

ДО:  Претседател на судот

ПРЕДМЕТ:  Отпочнува примена и имплементација на ACCMIS системот во судовите  

Почитуван г-дин Претседател,

              Во врска со имплементацијата и ефективното користење на Автоматизираниот компјутерски систем за водење судски предмети (ACCMIS), кој се реализира со подршка на УСАИД – ДПК ве известуваме :

1.       Од 1-ви јануари 2010 година во сите судови во Република Македонија евиденцијата на судските предмети и судските списи се води ЕДИНСТВЕНО електронски, само во ACCMIS во согласност со измените и допулнувањето на Судскиот деловник кој го донесе Министерот за правда по предходно прибавено мислење на Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија и кој ќе се применува од 1.01.2010 година

2.       Председателите на судовите да обезбедат целосна примена на измените во Судскиот деловник од страна на судиите и сите вработени во судската служба  (уписничар, дактилографи , стручни саработниции и други)  за целосна примена на ACCMIS системот и севкупното работење и во судовите да се применува овој систем. За таа цел потребно е да се  напушти праксата од користење на алатки како Microsoft Word или сл

3.         Во наредниот период месечните  и други извештаи да бидат креирани врз база на податоците внесени во ACCMIS

Со оглед на тоа дека се работи за примена на нов систем на електронско водење на уописниците и предметите , неопходни се целосни ангажирања на претседателите на судовите, судиите и сите вработени за целосно имплементирање на ACCMIS системот во судовите.

 

Со почит,

МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА,

Михајло Маневски


Деловник за изменување и дополнување на судскиот деловник

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk