Управните инспектори во надзор на апелациите Штип, Битола и Скопје  
     
 

31.10.2006

 
 

Државниот управен инспекторат во октомври 2006 година согласно месечниот план за работа изврши инспекциски надзор во апелационите судови Штип, Битола и Скопје. Увидот е извршен во делот од примената на одредбите на Судскиот деловник.

Инспекторите во надзорот  утврдиле дека во трите апелациони суда не се почитуваат одредбите од Судскиот деловник кои се однесуваат на евиденцијата на предметите во соодветни уписници и распределбата на предметите по судии. Исто така е утврдено дека предметите не се земаат во работа по редот на приемот. Покрај овие неправилности во работењето на апелационите судови во Штип, Битола и Скопје се утврдени и други непочитувања на одредбите на Судскиот деловник.

Претседателите на апелационите судови се задолжени да преземат непосредни мерки и да ги отстранат сите неправилности и пропусти со што ќе се овозможи непосредна примена на одредбите од Судскиот деловник и да ја утврдат евентуалната одговорност на службените лица за нецелосната примена на Судскиот деловник. Ова со цел обезбедување на законито, навремено и ефикасно вршење на функцијата на судот, како и непречено, во разумен рок и економично остварување на правта и обврските на странките.


- Увид во записниците-

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk