Покана за доставување понуди за изведба на градежни работи за изградба на Кривичен суд  
     
 

11.02.2010

 
 

Покана за доставување понуди

бр.001-10 за

изведба на градежни работи за изградба на

 Кривичен суд

Република Македонија

Министерство за правда

Проект за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка

Република Македонија доби заем од Меѓународната банка за обнова и развој за трошоците на проектот за правна и правосудна имплементација и институционална поддршка и има намера да потроши дел од средствата од овој заем за исплати по однос на Договор за градежни работи за изведба на Кривичен суд, број 001-10.

Министерството за правда на Република Македонија поканува заинтересирани понудувачи да достават за изведување на градбата Кривичен суд со сите фази (архитектонско -градежни работи, водовод и канализација, машински и електрични инсталации). Периодот за изведба е 18 месеци.

Понудувањето ќе се спроведе врз основа на процедурите за меѓународно јавно наддавање специфицирани во насоките на Светска банка за Набавки финансирани од ИБРД заеми и ИДА кредити (Guidelines: Procurement under IBRD Loans and IDA Credits), и е отворено за сите понудувачи од квалификуваните земји согласно дефинираното во тендерската документација.

Заинтересираните соодветни понудувачи може да добијат дополнителни информации од Данијела Манева, Министерство за правда на Република Македонија, ул. Никола Вапцаров 7 (спрат 3), 1000 Скопје, Македонија/ ljiis_procurement@yahoo.com од 08.30 до 16.30.

Потребните квалификации се:

(а) минимални квалификации и искуство на еден главен инженер за изведба и две лица како клучен технички персонал предложени за овој Договор се:

1. Сите три лица да се во редовен работен однос кај Понудувачот.

2. Главниот инженер за изведба да има најмалку десет (10) години искуство во изградба на градби и минимум учество во изградба на три  (3) градби од втора категорија (категоријата е дефинирана согласно Законот за градење на РМ). 

3. Клучниот технички персонал да биде составен од еден електро- технички инженер и еден машински инженер, секој со најмалку десет (10) години искуство во изградба на градби и минимум учество во изградба на најмалку три (3) градби од втора категорија (категоријата е дефинирана согласно Законот за градење на РМ). 

(б) доказ дека компанијата има најмалку триста (300) регистрирани вработени лица со полно работно време.

(в) потребниот просечен финансиски обрт од последните три (3) години е: 8,000,000.00 EUR

(г) најниската сума на ликвидни средства и/или средства од кредит нето од другите договорни обврски на успешниот Понудувач ќе биде 1,000,000.00 EUR.

(д) опрема која треба да му биде достапна на Понудувачот за овој договор е: опрема за ископ со капацитет од најмалку 500 м3/ден;Бетонска база со капацитет од најмалку 20 м3/час; два (2) багери (хидраулични или на тркала); два (2) крана; пет (5) камиони; лабораторија за контрола на квалитетот на работите (земја, бетон); скеле; два (2) камиони бетономешалки.

Услов за потпишување на Договор е приложување на лиценца Б за изведба во согласност со Законот за градење на РМ.

Целосна тендерска документација на англиски и македонски јазик може да се подигне како електронска копија без надомест по доставување на писмено барање од понудувачите на адресата (1) подолу.

Понудите мора да бидат доставени на адресата (2) подолу на или пред 11.00 по локално време на 29 март 2010 година. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе се отвораат во присуство на претставници на понудувачите кои ќе одберат да присуствуваат лично на адресата (2) назначена подолу во 11.00 на 29 март 2010 година.

Сите понуди треба да бидат придружени со банкарска гаранција на понудата од 6.500.000,00 денари или еквивалентна сума во друга конвертибилна валута.

Гореспоменатите адреси се:

(1) Министерство за правда на РМ

Информатички Центар, Канцеларија за имплементација на Проектот ЛЈИИС

Ул.Никола Вапцаров (спрат 3), 1000 Скопје, Македонија

Лице за контакт: Данијела Манева

Тел. +389 2 32 23 721

       +389 70 410 305

Електронска адреса:  ljiis_procurement@yahoo.com

(2) Министерство за правда на РМ

ул. Димитрије Чуповски 9, 1000 Скопје

Лице за контакт: Данијела Манева

Тел. +389 2 32 23 721

        +389 70 410 305

Електронска адреса:  ljiis_procurement@yahoo.com

 

 

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk