Средба министер за правда Маневски –раководител на Канцеларија на УНИЦЕФ во Република Македонија Шелдон Јет  
     
 

03.03.2010

 
 

Министерот за правда Михајло Маневски оствари средба со раководителот на Канцеларија на УНИЦЕФ во Република Македонија Шелдон Јет.

На средбата се дискутираше за  досегашната соработка со УНИЦЕФ и за преземање на  понатамошни заеднички  чекори кои се систематизирани во две годишниот работен план кој е предмет на потпишување помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за правда.

Министерот Маневски истакна дека успешната соработка со УНИЦЕФ продолжува во областа на малолетничката правда и дека континуирано се преземаат координирани активности од страна на сите инволвирани страни за воспоставување на систем на мониторинг и корекција на лоцираните слабости. Министерот подвлече и дека интензивно се работи на проектниот план за реконструкција на воспитно поправните домови со особен фокус на новиот ВП Дом во Тетово за чија што изградба веќе е обезбедена техничка помош од Европската Комисија и се водат преговори за добивање на заем од Банката за разбој на Советот на Европа.

Г. Шелдон Јет искажа пофални зборови за досегашната сериозна посветеност и континуитет во работата како и успешната соработка помеѓу Уницеф и министерството за правда во насока на гарантирањето на заштита на децата. Г. Јет информираше и дека заеднички подготвениот предлог проект за малолетничка правда е доставен до Европската Комисија и истиот треба наскоро да биде одобрен во рамки на ИПА.

Воедно Г. Јет изрази очекување за поскоро пристапување кон реализација на две годишниот план со кој ќе се обезбеди поголема заштита на децата во сите области кои нив ги засегаат - се со цел менување на реалноста, како што подвлече министерот Маневски.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk