Започнaа обуките во рамките на проектот “Зацврстување на националниот пенитерцијален систем во согласност со меѓународните и европските стандарди”  
     
 

03.03.2010

 
 

Во организација на Управата за извршување на санкциите  денеска започнa првиот циклус на обуки во рамките на проектот Зацврстување на националниот пенитерцијален систем во согласност со меѓународните и европските стандарди преку МАТРА програмата, финансиски подржан од Кралството Холандија.

Целта на обуките е стимулирање на соработката помеѓу вработените во секторите за ресоцијализација и секторите за третман во две пилот казнено поправни установи во Република Македонија - КПД Идризово и КПД Штип.

Проектот Зацврстување на националниот пенитерцијален систем во согласност со меѓународните и европските стандарди” е дел од соработката со Владата на Кралството Холандија , во чии рамки на средбата одржана на 23.11.2009 година во Министерството за правда помеѓу  Министерот за правда Михајло Маневски и Министерот за правда на Кралството Холандија Н.Е.  Ернст Хирш Балин беше потпишано Писмо за намера за МАТРА проектот – кое е во функција на зајакнување на македонскиот пенитерцијален систем.

Со реализација на проектот ќе се придонесе за засилување на затворскиот систем во Република Македонија во согласност со меѓународните и европските стандарди. 

Првиот циклус на обуки ќе трае од 03-ти до 5-ти март и на него присуствуваат 12 вработени  од Казнено поправниот дом Идризово (6 секторот за ресоцијализација и 6 од  секторот за обезбедување).

Вториот циклус на обуки ќе започне на 8-ми и ќе трае до 10 март. На него ќе присуствуваат 12 вработени  од Казнено поправниот дом Штип (6 од секторот за ресоцијализација и 6од  секторот за обезбедување).

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk