Средба на министерот Маневски со народниот правобранител Мемети  
     
 

08.03.2010

 
 

Во просториите на Народниот правобранител министерот за правда Михајло Маневски  денеска се сретна со  Народниот правобранител   Иџет Мемети . 

Повод за средбата беше практичната имплементација на измените на Законот за народниот правобранител   во согласност со Законот за ратификација на Факултативниот проткол кон Конвенцијата против тортура со кој народниот правобранител е определен за Национален превентивен механизам за превенција од тортура.

На средбата се разговараше за  обезбедување на услови заради формирање на трите нови одделенија предвидени со измените на Законот за народниот правобранител, што во моментот претставува важен сегмент во работењето на Народниот правобранител но и за државата во целина со оглед дека со ратификацијата на Факултативниотг протокол кон Конвенцијата против тортура, државата меѓу другото се обврзува  да обезбеди соодветни услови за дејствување на Националниот превентивен механизам.  

Министерот за правда се заложи да му ја даде потребната подршка на Народниот правобранител со цел реалното дејствување на националниот превентивен механизам да се случи во најбрз временски период за што ќе бидат преземени соодветни мерки, а ќе биде запозната и Владата на Република Македонија.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk