Во рамки на кампањата ,, Учиме за ЕУ,, министерот за правда Михајло Маневски денеска одржа предавање во гимназијата ,,Кочо Рацин“ во Велес  
     
 

 
 

Кампањата ,,Учиме за ЕУ“ е дел тековните активности зацртани во Стратегијата на Владата на Република Македонија, за информирање и комуникација со јавноста  во процесот на пристапување на Република Македонија  во Европската Унија .

Во рамки на кампањата министерот за правда Михајло Маневски денеска се обрати пред учениците на Гимназијата ,,Кочо Рацин,, во Велес , заедно со евроамбасадорот Ерван Фуере кој на учениците им  ги пренесе искуствата од неговата земја.

Кампањата има за цел да го подигне нивото на информираност на учениците и студентите за Европската унија, да ја зголеми нивната свест за значењето на евроинтегративните процеси и реформите што Република Македонија ги спроведува за да стане дел од Унијата. Кампањата ја спроведуваат Секретаријатот за европски прашања и Министерството за образование и наука.

Во рамките на оваа кампања учениците и студентите се запознаваат со основните податоци за ЕУ, условите и критериумите за членство, поважните настани во односите РМ-ЕУ, обврските и придобивките од членството во ЕУ како и активностите кои ги презема Владата на Република Македонија во процесот на европска интеграција.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk