Во рамки на кампањата ,, Учиме за ЕУ,, министерот за правда Михајло Маневски денеска одржа предавање во гимназијата ,,Кочо Рацин“ во Велес  
     
 

08.03.2010

 
 

Кампањата Учиме за ЕУ“ е дел тековните активности зацртани во Стратегијата на Владата на Република Македонија, за информирање и комуникација со јавноста во процесот на пристапување на Република Македонија  во Европската Унија.  

Во рамки на кампањата министерот за правда Михајло Маневски денеска се обрати пред учениците на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, заедно со евроамбасадорот Ерван Фуере кој на учениците им ги пренесе искуствата од неговата земја.

Кампањата има за цел да го подигне нивото на информираност на учениците и студентите за Европската унија, да ја зголеми нивната свест за значењето на евроинтегративните процеси и реформите што Република Македонија ги спроведува за да стане дел од Унијата. Кампањата ја спроведуваат Секретаријатот за европски прашања и Министерството за образование и наука.

Во рамките на оваа кампања учениците и студентите се запознаваат со основните податоци за ЕУ, условите и критериумите за членство, поважните настани во односите РМ-ЕУ, обврските и придобивките од членството во ЕУ како и активностите кои ги презема Владата на Република Македонија во процесот на европска интеграција.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk