Полугодишен состанок на вработените во Државниот управен инспекторат  
     
 

05.03.2010

 
 

Согласно  член 15 од Правилникот  за начинот  на вршење на инспекциски надзор на управната инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр114/08), на ден 05.03.2010 година во просториите на Клубот на пратеници се одржа Полугодишен состанок на вработените во Државниот управен инспекторат.

На полугодишниот состанок Директорот на Државниот управен инспекторат го презентираше Извештајот за работа на Државниот управен инспекторат за 2009 година, а исти така се дискутираше за тековните, како и претстојните задачи и цели на Инспекторатот утврдени во Програмата за работа на Државниот управен инспекторат за 2010 година и месечните оперативни планови.

На состанокот Раководителот на одделение Фетка Славкоска ги презентираше насоките за вршење на редовен инспекциски надзор во Министерството за финансии  во работата на Комисиите за одлучувања по барањата за денационализација а со цел инспекцискиот надзор да боде сеопфатен и унифициран од страна на управните инспектори и вишите соработници.

На овој состанок исто така беа разгледани и други стручни и технички  прашања од интерес за работата на инспекторите. Исто така беа претставени новите виши соработници за подрачје на Општина Струмица, Пробиштип и Македонски Брод. Скромно беше  обележано и заминувањето во пензија на управниот инспектор за подрачје на Општина Кавадарци Вера Влаинкова.

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk