Свечено одбележан националниот ден на правосудството - 31 март  
     
 

31.03.2010

 
 

            По повод денот на правосудството  31 – март, министерот за правда Михајло  Маневски денеска го посети Апелациониот суд во Штип.

            За таа цел, на пригодна  свеченоста во судот пред судии, јавни обвинители, вработени во судот, ученици и студенти беше промовиран Годишниот информатор за работата на Апелациониот суд во Штип, Билтенот за судска пракса, и беше  презентирана постапката за прием на предмети,  нивно евидентирање и автоматска распределба  во AKMIS - системот. 

             На самиот почеток министерот за  правда Михајло Маневски на сите судии, јавни обвинители, правобранители, вршители на јавни овластувања, адвокати, медијатори, нотари, извршители, на судските службеници и судските советници, на судската полиција и на сите вработени во судовите  им го честита денот на правосудството со надеж и желби за понатамошни успеси на полето на правосудството и  изрази благодарност за придонесот кој несебично го дадоа во изминатиот период во реализација на функцијата на судството и судските реформи.

                                    Говор министер Михајло Маневски-целосен текст

Денот на правосудството свечено беше одбележан и во другите судови ширум Република Македонија:

       - Управен суд - Скопје: Отворен ден за граѓаните.

      - Основен суд Скопје 1: Симулација на судење во кое студенти од Правниот факултет Јустинијан први ќе бидат во улога на судии, а судиите ќе бидат во улога на публика.

     - Основен суд Скопје 2: Дебата со студенти од правните факултети на ФОН, Европски Универзитет, Американ Колеџ, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ на тема: „Семејното насилство и заштитата од граѓанско - правен аспект“.

      - Основен суд Радовиш: Организирана посета и запознавање со работата на судот за средношколци од Радовиш.

      - Основен суд Кавадарци: Јавна презентација на резултатите од работењето на судот во 2009 година.

      - Основен суд Крива Паланка: Тркалезна маса за надлежноста на судот.

      - Основен суд Прилеп: Тура за новинари за работата на судот.

 

 
     
   
  Врати се назад   |   Архива на новости  
-->
 
 

(c) Copyright 2005, Ministry of Justice of the Republic of Macedonia, Ul. Jurij Gagarin 15, 1000 Skopje, e-mail: contact@mjustice.gov.mk